ДЕФЕКТ НА ВОДОВОДНАТА ЦЕВКА КАЈ ХОЛИДЕЈ ИН Без вода се дел од Градска болница и околината

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација - Скопје“, вода нема да има до завршување на предвидениот зафат.

64

Утрово од 9.30 часот без вода ќе бидат дел од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и дел од корисниците на улиците Филип Втори (потегот од Собрание на РСМ до хотелот „Холидеј Ин“), Кеј 13 ноември, Мирче Мацан и Мирче Ацев.

Причина за прекинот на водоснабдувањето е уличен дефект од ф150 милиметри на улицата Филип Втори бб, пред хотелот „Холидеј Ин“.






Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, вода нема да има до завршување на предвидениот зафат.

Поврзани содржини