ДЕФЕКТ НА ГАСОВОДОТ ВО БУГАРИЈА Привремено запрена испораката на гас за Србија, БиХ и за Романија
Поради несреќата, која е пријавена во 3 часот наутро по бугарско време, е запрен и протокот на гас кон Романија, но тој е делумно обновен утрово по 8 часот.
Србија, БиХ, Унгарија и Романија од утрово во три часот се без снабдување со гас откако се случи хаварија на гасоводот во североисточна Бугарија.
Операторот на гасоводната мрежа „Булгартрансгаз“, соопшти дека има дефект на гасоводот во близина на селото Ветрино во североисточна Бугарија.
Поради несреќата, која е пријавена во 3 часот наутро по бугарско време, е запрен и протокот на гас кон Романија, но тој е делумно обновен утрово по 8 часот.
Во соопштението од компанијата се наведува дека дефектот предизвикал само материјална штета и дека екипите веќе се на самото место и работат на поправка на гасоводот.