Дефект се случил во автобус на ЈСП по што од него почнала да излегува пареа.
„Станува збор за пареа, а не за пожар. Во истиот момент кога се случил дефектот (скинато црево за антифриз), возачот реагирал исправно по што бил спремен и го извадил ПП апаратот, но не го употребил“, соопшти ЈСП.
Претпријатието додава дека просечната старост на автобусите е 13 години и оттука произлегува потребата за набавка на нови автобуси во возниот парк на ЈСП.