Дедо Мраз учи како да дели подароци во услови на пандемија
Лондонската компанија „Ministry of Fun“ веќе 25 години го спроведува таканареченото „Училиште за Дедо Мраз“.
Оваа година Дедо Мраз ќе треба да работи во пандемија, а во Велика Британија веќе ги тренираат „добрите дедовци“, кои ќе треба да обезбедат безбедна дистрибуција на подароци, пренесува „Reuters“.
Лондонската компанија „Ministry of Fun“ веќе 25 години го спроведува таканареченото „Училиште за Дедо Мраз“.
Оваа година, сепак, обуката започнува малку порано, така што клиентите кои сакаат да организираат Божиќни забави имаат доволно време да ги организираат.
Целта е прославите да се направат што е можно побезбедни за секого и особено за децата.
Организаторот за обука Џејмс Ловел вели дека има неколку задолжителни правила што ќе треба да се следат.
– Направивме специјални маски во црвена и бела боја за да прилагаат со костумот на Дедо Мраз. На децата нема да ми пречат затоа што сите сме навикнати да размислуваме дека мора да носиме маски – рече Ловел.
Второто правило е за социјално растојание, кое ќе треба да се примени за време на прославите и дарувањето.
– Одржувањето на разумно растојание од два метра меѓу децата и Дедо Мраз во никој случај нема да ја одземе магијата на празникот – рече организаторот на Божиќното училиште.
Третата карактеристика оваа година ќе бидат малите санки за подароци. Дедо Мраз ќе ги стави подароците, по што децата ќе ги повлечат кон себе.
Џејмс Ловел вели дека обично има најмалку 1.000 барања за забави за осумнеделниот период пред и по Божиќ. Оваа година тие ќе бидат двојно помалку.
– Луѓето не се многу сигурни што можат да сторат за да го задржат празничното расположение, дури и во пандемија. Ние им покажуваме дека е целосно можно – рече тој.