Децата во Детска клиника и од училиштата „Иднина“ и „Златан Сремец“ добија новогодишни пакетчиња од Талат Џафери
Посебното основно училиште „Иднина“ и Посебното основно училиште „Златан Сремец“ добија нагледни средства, согласно потребите на учениците и наставниците и соодветните наставни програми.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, испрати новогодишни пакетчиња со книги за дечињата хоспитализирани на Детската клиника во Скопје, како и до Посебното основно училиште „Иднина“ и до Посебното основно училиште „Златан Сремец“ на кои им испрати нагледни средства, согласно потребите на учениците и наставниците и соодветните наставни програми, соопшти Собранието.
Оттаму соопшрија дека поради здравствените протоколи Џафери не присуствувал на доделувањето на пакетчињата.
„Тој испрати честитки и писма за благодарност за вработените во споменатите институции, во кои се заблагодари за работата и делата кои вработените ги реализираат секојдневно, за нивната посветеност во работата и во вонредни услови, истакнувајќи дека среќата треба да се споделува, зашто на тој начин таа расте и обзема“, соопштија од Собранието.
Џафери добил благодарност од трите институции.