ДЕЦАТА ШТО ГО ПРЕСКОКНУВААТ ПОЈАДОКОТ ДОБИВААТ ЛОШИ ОЦЕНКИ Без доволно шеќер во крвта, нема внимание на часовите
Прескокнувањето на појадокот е една од најлошите навики, особено за децата на училишна возраст. Одложувањето на појадокот може да доведе до хипогликемија, односно пад на шеќерот.
За добар почеток на училишниот ден, многу е важно да обезбедите доволно енергија, што значи дека никогаш не треба да го прескокнувате појадокот.
Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го наруши.
Кај децата на училишна возраст често се јавува хипогликемија како последица од прескокнувањето на појадокот.
Девојчињата кои сакаат да ослабат, го прескокнуваат најважниот оброк, но тоа никако не е начин да се реши проблемот.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.