ДЕЦАТА СЕ ВО ОПАСНОСТ, БЕЗ ГАРАНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ФИРМА МОНТИРА РИНГИШПИЛ ВО КАРПОШ Град Скопје, не успева да ја запре, па ги повикува другите институции да реагираат

Градот, ги повикува надлежните институции и апелира да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

1,086

Фирмата „Дизниленд Реквизити“ од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред спортската арена Борис Трајковски, предупреди Град Скопје.

Оттаму додаваат дека и покрај изречената казна од Градот фирмата продолжува со активностите.






„Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, презема мерки и го казни правното лице, но тој сепак насилно продолжува да работи“, наведуваат од Градот.

Градот, ги повикува надлежните институции и апелира да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

Поврзани содржини