ДЕЦАТА ИМААТ „ЗАСПАН ИМУНИТЕТ“ Почетокот на учебната година ќе го зголеми ширењето на вируси
Се надеваме дека децата се имаат стекнато доволно со витаминот Д, како и витаминот А, кои се природни витамини кои ги добиваме за основниот имунитет, вели д-р Софијанова.
Короната создаде кај децата „заспан имунитет“ бидејќи не се движеа и не ги разменуваа меѓусебно дел од бактериите и дел од вирусите, а тие кога ќе се разменат и ќе се навикнат во организмот, тие се добронамерни, вели директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова во денешното гостување во емисијата Магазин на ТВ Сител.
Таа истакнува дека веќе од први септември кога во училишните клупи ќе се вратат учениците, како и повеќе дечињата во градинките, кога повторно ќе се соберат или групираат може да постои основен страв тој колективен момент да донесе до пренесување вируси.
– Од први септември ќе имаме поголема концентрација на деца на едно место и ќе биде проблем за оние дечиња кои имаат заспан или послаб имунитет, но сепак сите имаат различен имунитет. Се надеваме дека децата се имаат стекнато доволно со витаминот Д, како и витаминот А, кои се природни витамини кои ги добиваме за основниот имунитет – вели д-р Софијанова.
Директорката истакнува дека мора да се внимава особено на тоа дали, кога и како ќе мутира ковидот и како ќе влијае на децата.