ДЕЦА ЗАД РЕШЕТКИ, СТУД И ГЛАД Хорор од карантинските кампови во Кина (ВИДЕО)

На снимките се прикажани луѓе, вклучувајќи мали деца и бремени жени, во мали, тесни контејнери со едноставни дрвени кревети и тоалети. Други снимки покажуваат мажи во заштитни костуми како им даваат храна на луѓето кои престојуваат во објектите.

423

Кина изгради мрежа на карантински кампови како дел од стратегијата на Комунистичката партија за целосно искоренување на случаите на коронавирус. Медиумите објавија снимки на кои се гледа како луѓето кои живеат во овие кампови живеат во очајни услови.

На снимките се прикажани луѓе, вклучувајќи мали деца и бремени жени, во мали, тесни контејнери со едноставни дрвени кревети и тоалети. Други снимки покажуваат мажи во заштитни костуми како им даваат храна на луѓето кои престојуваат во објектите.






Исто така, на некои снимки, чија автентичност не е потврдена, може да се забележат деца зад решетки.

Според пишувањата на светските медиуми, во камповите има илјадници луѓе, меѓу кои и постари жени, трудници, мажи, деца и стари лица. Многумина се пожалија дека камповите се студени и дека не им се дава доволно храна.

– Тука нема ништо, само основни потреби… Никој не дојде да не провери, каков карантин е ова? Навечер беа донесени повеќе од 1.000 луѓе, а многумина сме стари и деца. Не направија никакви соодветни аранжмани и затоа само немарно не сместија тука – изјавил еден човек кој е сместен во кампот, пренесува Би-би-си.

Претходно во медиумите се појавија информации за граѓани кои наводно со автобуси биле превезувани во овие карантински кампови среде ноќ, откако им било наредено да ги поминат следните две недели во кампот.

Како и поголемиот дел од кинеската стратегија за ковид-19, камповите остануваат обвиткани со мистерија и гласини – со само фрагменти од информации кои протекуваат од строго контролираниот режим.

Милиони луѓе под клуч

Кинеската национална здравствена комисија донесе одлука за изградба на кампови на крајот на минатата година. Во моментов, три милиони градови се ставени во целосна изолација, и покрај тоа што земјата евидентира само 157 случаи на зараза со коронавирусот низ целата земја.

Околу 20 милиони луѓе сега се во карантин, а градот Ањанг е затворен по само два случаи на инфекција со омикрон. Под клуч е и градот Тијанџин, кој има 14 милиони жители. Таму беа откриени 97 случаи на коронавирус, па беше наредена втора рунда масовно тестирање против ковид-19.

Жителите на градот Ксијан исто така се во карантин поради нови случаи на инфекција. Сите 13 милиони жители со денови се затворени во своите домови и не можат да одат да купат храна или основни продукти. Тие можат да излезат од дома само за да се тестираат за коронавирус, поради што е организирана и бесплатна дистрибуција на храна.

 

Немилосрден режим

Снимките на кои се гледа како кинеските власти дејствуваат во пандемијата се појавија и во 2020-та година и ја покажаа ситуацијата во Вухан. Познато е дека Пекинг жестоко ја промовираше својата стратегија за затворање на почетокот на пандемијата, бидејќи вирусот првпат се појави во Вухан.

Во јануари 2021-ва година, беа објавени слики на кои можеше да се види како Кина гради масивен карантински камп за повеќе од 3.000 луѓе надвор од градот Шишахуанг.

Слични фотографии се појавија во 2021-ва година во Путиан во индустрискиот дел Руифенг. Се чини дека се работи за ист тип на структури прикажани на снимката што сега кружи на Интернет.

Во октомври 2021 година, Блумберг објави дека Кина им наредила на градските власти да изградат места за престој, со најмалку 20 соби на секои 10.000 жители.

Тоа би значело дека карантинскиот објект изграден во Пекинг има потреба од околу 42.880 соби за изолација. Официјален претставник на кинеската Национална здравствена комисија вели дека објектите за карантин треба да се спречат да станат „расфрлани“ и „неорганизирани“.

Се верува дека Кина применува такви строги мерки за да ја потисне пандемијата пред Зимските олимписки игри.

Поврзани содржини