📽️ „ДЕЦА СЕ ПОД УРНАТИНИТЕ, НЕМА КОЈ ДА ГИ ИЗВАДИ“ Бројката на загинати во Авганистан надмина 800
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања вели дека се проценува дека најмалку 2.000 луѓе се повредени, многу од нив во оддалечени и планински области кои се отсечени од пристапот до спасувачките екипи.
Најмалку 800 луѓе загинале во четири провинции во Авганистан по земјотресот со јачина од 6,0 степени, јавува Би-Би-Си, повикуваќи се на извештај од Хуманитарната агенција на Обединетие Нации.
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања вели дека се проценува дека најмалку 2.000 луѓе се повредени, многу од нив во оддалечени и планински области кои се отсечени од пристапот до спасувачките екипи.
Се верува дека најмалку 12.000 луѓе се директно погодени од земјотресот, вклучително и од оштетените згради или инфраструктура, соопшти организацијата.
Спасувачките екипи се распоредени на повеќе локации во источниот дел од земјата, додека хеликоптери се користат за евакуација и транспорт на повредените.
Жител на авганистанскиот округ Нургал, една од најтешко погодените области во Кунар, за Асошиејтед Прес изјавил дека речиси целото село се урнало под силата на земјотресот.
– Децата се под урнатините. Старите лица се под урнатините. Младите се под урнатините Ни треба помош тука. Ни треба луѓе да дојдат тука и да ни се придружат. Да ги извлечеме луѓето што се затрупани. Нема никој што може да дојде и да ги извади мртвите тела од под урнатините.
Дописникот Саид Абдула Низами за Би-Би-Си пишува:
These are heartbreaking scenes in Afghanistan. Pakistani govt and especially Kp Govt should come up to help these afghans. @SupariKhan @FaisalAminKhan @MeFaheem @_IrfanSaleemPTI @IKPeshawar
— Majid Khan (@BraveMajid) September 1, 2025
„Прво ги видов вестите на Фејсбук, каде што луѓе од нашето подрачје објавуваа молитви и зборуваа за нешто страшно што се случува. Му се јавив на татко ми, а тој ми рече дека ги евакуирале сите деца од собите и дека седат будни во дворот. Потоа му се јавив на еден пријател за да дознаам повеќе. Рече дека е во покраинската болница во Асадабад, Кунар. Го замолив да му го даде телефонот на еден лекар за да можам да разговарам со него. Имаше поминато помалку од еден час од земјотресот. Лекарите ми кажаа дека десетици повредени луѓе веќе пристигнале во болницата, повеќето од нив студенти кои паднале од згради. Еден од нив починал“.
Спасувачот Сајед Рахим верува дека бројката на загинати е многу поголема. Според информациите од неговите тимови се работи за слаба проценка.
Меѓународните тимови веќе обезбедуваат итна хуманитарна помош, а Обединетите нации соопштија дека нивните екипи во Авганистан се на терен со цел да спасуваат животи.
Регионите Кунар и Нангархар се познати по честите земјотреси, што дополнително го отежнува животот на локалното население.