ДЕЦА СЕ ОПИЛЕ ВО КАФУЛЕ И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА Малолетници затруени со алкохол во гостиварски локал
Двајца тинејџери итно префрлени во болница по консумација на алкохол во гостиварски локал, полицијата води истрага.
Двајца малолетници завршија во Ургентниот центар во Гостивар откако се затруле при консумирање на алкохол во еден угостителски објект во градот. Инцидентот се случил ноќта на 24 јули, а случајот бил пријавен во полиција во 00:35 часот, информира СВР Тетово.
„Од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека се примени двајца малолетници со симптоми на труење од алкохол, кои претходно консумирале алкохол во угостителски објект“, стои во соопштението од полицијата.
СВР Тетово додава дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. Засега не е познато дали објектот служел алкохол на малолетни лица свесно и кој е сопственикот на локалот.