ДЕБРАНИ УТРЕ ГЛАСААТ ВТОР КРУГ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Денеска гласаа 60 билни и изнемоштени лица

Во единствениот избирачки список во оваа општина се запишани 19.211 лица, а утре ќе се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните.

244

Во Дебар денеска гласаа болни и изнемоштени лица, пред утрешниот втор круг од изборите за градоначалник.

– Правото на глас денеска го остварија 60 лица, две не гласаа, додека едно не беше запишано во избирачкиот список. Станува збор за 40 лица повеќе од првиот изборен круг, кога гласаа 20 болни и изнемоштени, изјави Јованка Јосифовска, потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар.






Ниту за првиот, ниту за вториот изборен круг, до Комисијата не било пријавено ниту едно заразено лице со ковид-19 или во изолација.

Во единствениот избирачки список во оваа општина се запишани 19.211 лица, а утре ќе се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните.

Поврзани содржини