ДЕБАТА СО ДОПИНГ Никој не очекува Бајден да биде на кокаин ама енергетски пијалаци се можни

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, одговори на прашање за неодамнешната изјава на Трамп дека Бајден ќе биде „многу напумпан“ на дебатата, алудирајќи на вреќата со кокаин пронајдена во Белата куќа минатата година.

486

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, изјави дека никој не очекува американскиот претседател Џозеф Бајден да биде „на кокаин“ за време на вечерашната дебата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и дека е поверојатно тој да биде на „енергетски пијалоци или нешто слично“, објави порталот Хил.

Тој одговори на прашање за неодамнешната изјава на Трамп дека Бајден ќе биде „многу напумпан“ на дебатата, алудирајќи на вреќата со кокаин пронајдена во Белата куќа минатата година.






Џонсон истакна дека јавноста може да очекува Бајден да дебатира на истото високо ниво на кое се обрати до нацијата во Конгресот, претходно оваа година.

Поврзани содржини