ДЕБАР СТРАВУВА ОД ЗАРАЗА На 20 километри има животни болни од чума

159

Во Албанија се проширува картата на болеста чума кај малите преживари, каде по северниот град Скадар, заразени грла се регистрирани и во Пешкопеја и пограничниот град Булќиза, кој е на дваесетина километри оддалечен од Дебар.

Албанската агенција за храна и ветеринарство информираше дека сите стада каде што се регистрирани случаи на зараза се ставени под карантин и оти во фармата во Поштиба, кај Скадар и во Мартенеш, кај Булќиза, уништени се над 200 грла, според соодветните стандарди.






Поради близината и појавата, иако поретко од претходно, на шверц на добиток од албанска на македонска територија, постои голема опасност болеста да биде пренесена.

Веднаш по појавата на болеста, македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) воведе засилени мерки на надзор, особено во регионот на западна Македонија, со цел да се спречи внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава.

Поврзани содржини