ДЕБАКЛ НА „ГРАДСКАТА МАЈКА“ Само 1.571 од вкупно 279.593 граѓани во Скопје гласале за Арсовска

Актуелната градоначалничка на главниот град по помалку од година после изборите се скара со ВМРО-ДПМНЕ со тврдење дека има легитимитет да биде градоначалничка на Скопје бидејќи голем дел од гласовите на изборите ги добила токму таа, а не партијата, но вчерашните резултати од ДИК покажаа нешто сосема поинаку.

977

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на вчерашните парламентарни избори освои само 1.571 од вкупно 279.593 граѓани во главниот град кои гласале за нејзината партија.

Арсовска, која е и претседателска на партијата Нова Алтернатива на изборите освои вкупно 3.438 гласови односно 0,34 %.






Во изборната единица 1, односно во Скопје бројот на гласачи е 279.593, а партијата на Арсовска освои само 1.571 глас. Со гласовите кои ги освои Арсовска не влезе во Собранието. Во двојката, каде влегуваат и скопските општини Ѓорче Петров и Сарај, а носител беше нејзиниот најблизок соработник Драги Митковски, партијата доби 1.109 гласови.

Нова Алтернатива имаше листи и во третата и во четвртата Изборна единица каде освои 410 гласови односно 348 гласови, соодветно. Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) по преброени 99,60% отсто од гласовите за парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички места, коалицијата на ДУИ 19 пратеници, СДСМ има 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 6 пратеници. Арсовска во јануари годинава беше промовирана како нова претседателка на Нова Алтернатива и тогаш најави дека ќе настапат со свои листи на парламентарните избори.

Актуелната градоначалничка на главниот град по помалку од година после изборите се скара со ВМРО-ДПМНЕ со тврдење дека има легитимитет да биде градоначалничка на Скопје бидејќи голем дел од гласовите на изборите ги добила токму таа, а не партијата, но вчерашните резултати од ДИК покажаа нешто сосема поинаку.

Од останатите мали партии состојбата според последните резултати на ДИК е следна:

Коалицијата Храбро за Македонија ГРОМ освои 4.543 односно 0,46 %

Единствена Македонија 1.680 гласови или 0,17 %

Политичката партија Нова Алтернатива Скопје 3.438 гласови или 0,34 %

Политичка партија Аваја 2.909 гласови или 0,29 %

Европско граѓанско движење 241 глас или 0,02 %

Македонската ера трета – Суверенисти 959 гласови или 0,10 %

Твоја партија 1.738 или 0,17 %

Родина Македонија 1.092 или 0,11 %

Политичката партија Десна 527 или 0,05 %

Политичка партија Демократи Скопје 904 или 0,09 %

И Работничка партија 437 или 0,04 %.

Поврзани содржини