Дејан Кулушевски ги изнервира навивачите на Интер
Навивачите на Интер веднаш му го возвратија ударот и го обвиније дека нема доволно почит кон Ериксен, кој, како што истакнаа, немал доволно време за да ги покаже своите квалитети.
Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски, ги налути навивачите на италијанскиот прволигаш Интер со тоа што во интервју за еден италијански медиум го искритикува последното големо засилување на нероаѕурите, Кристијан Ериксен, а удри и по тактичките замисли на тренерот Антонио Конте.
Тој рекол дека Ериксен не се снашол најдобро во тактиката на Конте.
Навивачите на Интер веднаш му го возвратија ударот и го обвиније дека нема доволно почит кон Ериксен, кој, како што истакнаа, немал доволно време за да ги покаже своите квалитети.