ДВАПАТИ ГОДИШНО ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВААТ ЛИЦЕНЦИТЕ ИЗДАДЕНИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ Владата усвои предлози за измени на 7 закони

Тоа секако не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли односно почести од предвидените со закон, сè со цел обезбедување на квалитетни услуги и сигурност на граѓаните кои се корисници на тие услуги од лицата иматели на лиценци, соопшти владината прес-служба.

215

Владата денеска усвои предлози за измени и дополнувања на седум закони во надлежност на Министерството за транспорт и врски, а со кои ќе се воведе обврска двапати годишно да се врши проверка на сите иматели на лиценци.

Имајќи ги предвид последните трагични случувања, како што посочуваат од Владата, целта е вршење почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија односно овластувања.






„Имајќи предвид дека се издаваат многу лиценци, одобренија, дозволи или овластувања од страна на Министерството за транспорт овие законски измени имаат за цел да предвидат законска обврска двапати годишно да се врши таа проверка на сите иматели на лиценци издадени согласно Закон. Тоа секако не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли односно почести од предвидените со закон, сè со цел обезбедување на квалитетни услуги и сигурност на граѓаните кои се корисници на тие услуги од лицата иматели на лиценци“, соопшти владината прес-служба.

Дополнително, како што се посочува во соопштението, законските измени предвидуваат за следните контроли жалбата да не го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш.

Вицепремиерот Александар Николоски претходно информираше дека од досега исконтролираните над 3.100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 е констатирано неправилно работење поради што ќе бидат одземени од правните лица.

 

Поврзани содржини