ДАШТЕВСКИ СЕ ИЗВИНИ, ИМАЛ ТЕЖОК ДЕН Арсовска е пред Шилегов според официјалните резултати на ДИК
Претседателот на ДИК соопшти дека во текот на денешниот ден се поднесени 286 приговори од кои 217 се прифатени, 19 се одбиени, 34 се неосновани, а од прифатените 16 се во обработка.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски се извини за своето однесување денеска на една од прес конференциите кога влезе во вербална расправа со новинарка.
– Се извинувам ако сум кажал нешто и сум навредил некого. Денот беше прилично тежок. Ми беше важно да биде сѐ во ред. Сега сметам дека сѐ е во ред и ги чекаме чекаме резултатите од избирачките места – рече Даштевски на прес конференцијата што ја одржа по полноќ.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) синоќа реагираше за, како што рече, непрофесионалниот и омаловажувачки однос кон дел од новинарите во делот кога се обидуваше да одговара на новинарските прашања на прес конференција.
„На новинарско прашање од страна на новинарка во врска со најавата за продолжување на рокот за гласање после 19 часот, како и за најавата за продолжување на медиумскиот молк тој наместо да одговори конкретно имаше вербална расправа со колешката. Имено, Даштевски пропушти да даде конкретен одговор и истовремено се интересираше колешката од која телевизија е по што ѝ се обрати со зборовите: ‘Треба да се информирате добро пред да поставите некое прашање‘, како и тоа дека новинарката треба да го чита законот пред да прашува“, наведе ЗНМ.
Претседателот на ДИК соопшти дека во текот на денешниот ден се поднесени 286 приговори од кои 217 се прифатени, 19 се одбиени, 34 се неосновани, а од прифатените 16 се во обработка.
Во 11 избирачки места гласањето беше продолжено и во последното место гласањето е завршено во 21.55 часот.
Даштевски соопшти дека, според последните избројани податоци за Скопје Петре Шилегов има 35,26% освоени гласови, а Данела Арсовска 38,15%. Бројот на обработени гласови од ДИК е сѐ уште низок.