Дармањин: Нема индикации дека пожарот во катедралата во Нант е намерно подметнат

169

Во оваа фаза од истрагата нема индикации дека пожарот во катедралата од 15-от век во Нант, во  западниот дел на Франција, бил намерно подметнат – изјави денеска францускиот министер за финансии, Жералд Дармањин.

-Во овој момент нема индикации дека станува збор за кривично дело. Покрената е истрага. Веројатно е случаен, рече Дармањин пред пратениците, пренесоа британските медиуми.






Во пожарот што избувна во саботата утрото во катедралата Сен Пјер-е-Сен Пол од 15 век, беа уништени витражите и оргулите.

Поврзани содржини