ДАРКО РИСТОВСКИ КАНДИДАТ НА ЛЕВИЦА ЗА КАРПОШ Ќе ја спречам бетонизацијата

Ристовски е роден во 1979 година во Скопје, а е жител на скопската населба Тафталиџе.

1,238

Левица попладнево го претстави кандидатот за градоначалник за Општина Карпош Дарко Ристовски кој е активист за заштита на Водно.

Тој вели дека ќе ја  спречи бетонизацијата на општината и ќе го зазелени секој слободен простор.






– Со оваа кандидатура сакам да го ставам на располагање моето знаење, искуство и визија за создавање на општина која ќе нуди услови за достоен живот, според потребите на народот, а не на олигарсите и профитерите. Преку моите патувања и живот во градови како Њујорк, Лондон, Париз како и долгите професионални ангажмани и престој во преубавите Виена и Љубљана научив и видов дека урбаното и квалитетно живеење не значи пренаселување и масовна бетонизација, узурпирање на јавниот и зелен простор на еден град и општина. Ова лудило кое се случува мора да го запреме и да почнеме да градиме општина која ќе биде гордост и инспирација за сиот народ – рече Ристовски.

Ристовски е роден во 1979 година во Скопје, а е жител на скопската населба Тафталиџе. Тој е дипломиран информатичар на Природно математичкито факултет при УКИМ. Цели 18 година работи во ИТ сферата.

Поврзани содржини