Дански вид на ковид-19 се појави во најсилната земја во Европа

Плашејќи се од ширењето на вирусот, данската влада во ноември уби голема популација на куни во земјата, па се очекуваше видот да исчезне, но сепак тоа не се случи.

766

Новите британски и јужноафрикански видови на коронавирусот веќе подолго време ги плашат сите европски земји, а сега во Германија е идентификуван „нов“ вид од Данска, за кој не се слушаше долго време.

За „данскиот вид“ се тврди дека полесно го заобиколува одбранбениот систем на телото.






Плашејќи се од ширењето на вирусот, данската влада во ноември уби голема популација на куни во земјата, па се очекуваше видот да исчезне, но сепак тоа не се случи.

Сепак, два случаи на данскиот вид се идентификувани во Ансбах и Ној-Улм во Германија. Според медиумите, лабораторијата во Аугсбург докажала дека причина за болеста на двајца пациенти постари од 60 години е данскиот вид.

Засега е нејасно какви врски би можеле да имаат пациентите со Данска.

Поврзани содржини