ДАНСКА НЕМАШЕ МИЛОСТ Македонските кошаркарки загубија со огромни 68 поени разлика

Македонската женска кошаркарска репрезентација доживеа убедлив пораз од Данска и го запиша третиот неуспех во квалификациите за Европското првенство 2027.

1

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз од Данска со 125-57 на гостински терен, во натпревар од првата фаза на квалификациите за Европското првенство 2027.

Иако македонските кошаркарки веќе имаа победа против оваа селекција, промените во составот се покажаа како пресудни за конечниот исход. Со овој пораз, репрезентацијата го запиша третиот неуспех и остана на последното место во групата Ф.






Домаќинките доминираа од самиот почеток. По првата четвртина водеа со 29-21, а на полувремето веќе имаа убедлива предност од 56-33. Во вториот дел разликата дополнително растеше, додека македонската селекција не успеа да најде одговор на силната игра на противникот.

Најефикасна во редовите на Македонија беше Хемпе со 27 поени, додека Селцова постигна 10. Стојановска натпреварот го заврши со девет поени и седум скока.

Следен предизвик за селекторот Александар Ашаданов и неговите избранички ќе биде дуелот со Грција, кој ќе се одигра на гостински терен на 14 овој месец.

Поврзани содржини