Данска ги ублажува мерките, кафулињата и рестораните почнуваат со работа

Владата и мнозинството во Парламентот се договорија од 21 април да се отворат рестораните и кафулињата, а исто така се зголемува бројот на лица од 10 на 50 на отворено.

316

Данска денеска најави дека ќе ги ублажи рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со ковид-19 една недела пред предвидениот рок односно од 21 април.

Владата и мнозинството во Парламентот се договорија од 21 април да се отворат рестораните и кафулињата, а исто така се зголемува бројот на лица од 10 на 50 на отворено.






Данска го избегна третиот бран на пандемијата откако воведе ригорозни рестриктивни мерки во декември, со што дневната бројка на инфицирани лица се движеше од 500 до 700 на дневно ниво, додека во декември имаше по неколку илјади заразени луѓе.

Поврзани содржини