Данска ја одбрани титулата – шампион на ракометниот Мундијал во Египет
Шведска го освои среброто, а Шпанија ја освои бронзата.
Данските ракометари се закитија со злато откако во финалниот меч на Мундијалот во Египет ја победија селекцијата на Шведска.
Првото полувреме беше изедначено, двете репрезентации се менуваа во водство, на одморот се замина со 13:13.
И второто полувреме започна во ист стил, но неколку минути пред крајот Данска со серија од 3-0 дојде до предност од 23-20 која успеа да ја одржи до крајот и да слави со 26-24.
Ѕвездата на селекцијата на Данска, Микел Хансен беше најефикасен со 7 голови, Нилсен постигна 5. Голем придонес во натпреварот даде и голманот Ландин со 15 одбрани. Кај селекцијата на Шведска, Ване постигна 5 голови, Лагергрин 4.
Ова е втора титула Светски шампион за Данска.
Ова беше последниот натпревар на ракометниот Мундијал кој се одража во Египет.
Шведска го освои среброто, а Шпанија ја освои бронзата.