Прераното укинување на рестриктивните мерки доведе до високи високи бројки и втор бран, односно до ескалација на зараза со коронавирус, оцени епидемиологот професор доктор Драган Даниловски за Радио телевизија Србија, каде што се зборуваше за состојбата во Македонија со ковид-19.
Според Даниловски, се затаи на планот на информирањето, затоа што, смета тој, борбата не се води само со прес-конференции.
Епидемиолот рече дека требало да се прави масовно тестирање.
– Народот е револтиран поради полицискиот час – рече Даниловски при гостувањето на РТС.