Даниеле Орсато ќе го суди финалето во Лигата на шампиони
Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ќе играат во недела (23 август) на „Естадио Да Луж“ во Лисабон во 21 часот по македонско време.
УЕФА го објави судискиот тим кој ќе го води финалето од Лигата на шампионите Пари Сен Жермен – Баерн. Италијанецот Даниеле Орсато е назначен за главен судија.
Негови асистенти ќе бидат Лоренцо Манганели и Алесандро Џалатини.
Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ќе играат во недела (23 август) на „Естадио Да Луж“ во Лисабон во 21 часот по македонско време.
Во полуфиналето ПСЖ го совлада РБ Лајпциг со 3:0, а Баерн го совлада Лион со истиот резултат.
Реал Мадрид има најмногу победи на турнирот (13). Баерн има пет победи и ќе го игра своето 11-то финале, додека парижаните за прв пат се квалификуваа за финалниот натпревар.