ДАНИЕЛА ДВОРНИК ГО КРИТИКУВАШЕ СНИМАЊЕТО НА ГРОБОТ НА ДИНО ДВОРНИК „Секогаш исто. Мизерија и примитивизам“
Даниела испрати прилично остра порака до снимателите на видеото со гробот на кралот на фанкот, со опис: „Дино Дворник. Легенда. Заборавена од сите“.
Даниела Дворник бурно реагираше на своите социјални мрежи. Имено, вдовицата на Дино Дворник сподели многу впечатлива порака откако некој го снимил гробот на кралот на фанкот, со опис: „Дино Дворник. Легенда. Заборавена од сите“.
Со својата последна објава на Инстаграм, Даниела го изрази своето целосно незадоволство.
– Кога луѓето одат на гробишта за да снимаат туѓи гробови и да ги објавуваат на социјалните мрежи! И така секоја година! Мизерија и примитивизам! – напиша Даниела.

Таа неодамна ја заинтригира јавноста кога објави фотографија на едрилица каде што уживаше со мистериозен маж. Претходно се пофали и како вежба со тежина од 28 килограми, правејќи чучњеви и стомачни вежби.
Да потсетиме дека Данијела и Дино се венчаа во 1989 година, а нивната љубов често беше во фокусот на јавноста. Пејачот, кој почина прерано, ѝ ја посвети песната „Љубовта се вика со твоето име“. Во декември 1990 година се роди нивната ќерка Ела, која сега е многу популарна инфлуенсерка, чиј приватен живот е исто така под лупа на јавноста.