Даниел Редклиф проговори за коронавирусот! Блед сум, секогаш делувам како да сум болен
Британскиот актер Даниел Редклиф ја демантираше веста дека заболел од коронавирусот, а напомена и дека не му е чудно што такво нешто се зборува за него, бидејќи е свесен колку е блед и дека на другите често им делува болно.
– Вчера влегов во просторија каде нè шминкаат и ни ја средуваат косата пред претстава и шминкерот ми рече: „Братучетка ми штотуку ми испрати порака дека си заразен“, рекла ѕвездата на „Хари Потер“, за едно радио во Австралија.
– Јас се изненадив, а потоа ми го покажа твитот во кој пишува дека јас сум првата позната личност заразена од коронавирус. Мислам дека тоа е така бидејќи изгледам како да сум болен, бидејќи баш сум блед. Тоа ви е интернетот. Убаво што токму мене ме избрале за ова – се пошегувал Даниел на крајот.
ФОТО: EPA / PAUL MILLER