ДАНИ ДИМИТРОВСКА СЕ ОМАЖИ ЗА ВЕСЕЛ Под сликата од венчавката, пишува само: Госпоѓа и господин

Пејачката Дани Димитровска објави фотографии од венчавката со својот долгогодишен партнер Весел, а под една од фотографиите пишува само: Госпоѓа и господин! Од венчавката е очигледно задоволен и нејзиниот син Лазар кој позира со широка насмевка на лицето

377

Нашата рок-ѕвезда, пејачката Дани Димитровска се омажила за својот долгогодишен партнер, поранешниот кошаркар Весел кој ја побара за жена во јуни. Тогаш пејачката на својот Инстаграм профил објави заедничка слика на која таа има свршенички прстен.

Сега Дани објави фотографија од венчавката, под која пишува само: Госпоѓа и господин.






На другата фотографија на нејзиниот профил е и нејзиниот син Лазар кој го родила на само 21 година и кој студираше во Холандија. Ако се земе предвид неговата широка насмевка на фотографијата, Лазар е очигледно среќен поради венчавката на својата мајка. На фотографијата до Весел е и една млада девојка за која немаме информации дали е член на семејството или пријателка на Лазар.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Инаку, ова е втор брак на Дани, после оној со таткото на Лазар, Јоцо, за кој претходно има раскажано дека ѝ бил најдобар другар и дека се знаеле од деца, но се разделиле откако сфатиле дека подобро им оди како пријатели.

Поврзани содржини