ДАНЕЛА, НЕ ТИ Е ОВА ПЛАНИНА БЕЗ ВОЛК Заменик директорот на УЈП испрати закани до градоначалничката на Скопје

Абдул Селам Селами е член на владеачката Демократската унија за интеграција (ДУИ). Тој кратко по објавата го избриша фејсбук-постот.

2,683

Заменик директорот на Управата за јавни приходи Абдул Селам Селами, и порaча на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да не мисли дека нашла „планина без волк“, па ќе може да прави што сака, по одлуката за прекин на договорите за 33 лица привремено вработени во ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Абдул Селам Селами е член на владеачката Демократската унија за интеграција (ДУИ). Тој кратко по објавата го избриша фејсбук-постот.

„Даноци на имот, плаќања за вода, за општинска хигиена, за паркови и зеленило – тоа се плаќања од истите граѓани, кои ТИ со ова твое владеење ги запоставуваш и ги третираш како граѓани од втор ред. Немате предвидено ниеден кадар-Албанец во дирекцијата, каде што раководи градот Скопје, па од неодамна почна и да отпушташ работници-Албанци од работа! Саламандии можеш да кажуваш во приватниот сектор, или во твојата компанија, од каде што доаѓаш, но НЕ и со народните пари на граѓаните на Скопје“, напиша Селами на фејсбук.

Отпуштањето на 33 вработени во Комунална хигиена го коментираше на социјалните мрежи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Поврзани содржини