ДАНЕЛА КО КАМИКАЗЕ ГО НАПАДНА БРОДОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Дали Мицкоски, Николоски, Заев и Филипче на ручек се договарале за уставните измени?

„Дали Христијан Мицкоски со неговиот директор на штаб Орце Тодоровски договараа набавка на 150 автобуси од Унгарија“, прашува кабинетот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

3,744

„Дали е точно дека Христијан Мицкоски, Александар Николоски, заедно со Зоран Заев и Венко Филипче пред два месеци имале заеднички ручек во ресторан во Малешевијата, каде се зборувало за уставните измени?“

Ова е едно од неколкуте прашања што Град Скопје му ги постави на ВМРО-ДПМНЕ, во соопштението во кое најави јавен повик за линиите 20 и 22 во Скопје. Ова се другите прашања што кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска му ги постави на ВМРО-ДПМНЕ:






– Дали Христијан Мицкоски со неговиот директор на штаб Орце Тодоровски, инаку притворен и првообвинет во случајот „Делчевски  ниви“, договараа набавка на 150 автобуси од Унгарија?
– Дали Христијан Мицкоски и неговиот актуелен шеф на штаб, Ивица Томовски, преку негови фирми е единствен подобен за одржувањето и чистењето во општините, училиштата и претпријатијата каде ВМРО-ДПМНЕ е власт?
– Дали Христијан Мицкоски со Ковачевски имал тајна средба во еден скопски локал?
– Дали е точно дека Христијан Мицкоски има истрага во ОЈОГОКК за криминал со хидроцентрали кој се држи во фиока?
– Дали е точно дека брат на член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски, сопственик на фирмата „Моби Саунд“, е единствен организатор на манифестации во општините каде власт е ВМРО-ДПМНЕ?
– Дали е точно дека Игор Јанушев, другар на Христијан Мицкоски и актуелен пратеник, како директор на ЈСП, склучил штетен, речиси криминален договор со фирмата „Маратон” за рекламирање на автобусите на ЈСП, и дали е точно дека од овој бизнис се делат и провизии?

Поврзани содржини