ДАНЕЛА КАЖУВА ШТО ТРЕБА, А НЕ ОДГОВАРА Градоначалничката шест месеци бега од советнички прашања

Советничката Андоновска посочи дека има повеќе од 50-тина прашања од граѓани кои што во овие шест месеци ги собрала од средбите со граѓани, а нема како да и ги постави на градоначалничката, освен на овие седници и на седниците кои што се предвидени за советнички прашања.

358

Ова е трета седница по ред на советнички прашања како што градоначалничката Арсовска не е присутна. Шест месеци таа не е присутна на советнички прашања, ниту на која било седница на овој Совет на Град Скопје, вели координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, на денешната седница за советнички прашања, на која повторно не е присутна градоначалничката, Данела Арсовска.

Андоновска посочи дека има повеќе од 50-тина прашања од граѓани коишто во овие шест месеци ги собрала од средбите со граѓани, а нема како да и ги постави на градоначалничката, освен на овие седници и на седниците коишто се предвидени за советнички прашања.






– Тоа не се мои лични прашања, тоа се прашања на граѓаните и таа како градоначалник избрана од граѓаните има одговорност и должност да биде присутна тука за да можеме да и ги поставиме истите прашања и граѓаните да добијат одговор. Ако таа не чувствува одговорност од оние што ја избрале, тогаш како истата мисли да формира партија и да ги бара гласовите од истите тие граѓани на кои не им одговара со месеци – истакна Андоновска.

Додаде дека на овие седници, исто така, се носат одлуки кои имаат финансиски импликации кои се пари на граѓаните, а од друга страна, ниту Советот, ниту граѓаните имаат информации каде завршуваат овие народни средства, а градоначалничката никаде ја нема за да даде одговор.

– На овие седници се носат одлуки, тие одлуки имаат финансиски импликации, тие пари коишто ги предвидуваат одлуките, доколку бидат донесени, треба да се излеат од градската каса. Тоа не се пари ниту мои, ниту на Арсовска, ниту ваши, тоа се пари на граѓаните. За ние да ја донесеме таа одлука, ние мора да дебатираме, мора да ги вкрстиме аргументите и да донесеме најсоодветна и најправилна одлука. Ние како Совет немаме информации каде завршуваат овие средства, ниту пак можеме да дадеме поддршка, од причина што овие пари не се наши лични туку се пари на граѓаните. Ако истава оваа градоначалничка не го чувствува тоа што јас го зборувам сега како факт, тогаш не знам зошто сè уште седи и ја држи позицијата и го блокира Скопје – истакна Андоновска.

Андоновска го замоли претседателот на Советот, Трајко Славески да им одговори дали има услови денеска да се одржи оваа седница и да дојде градоначалничката да им одговори на прашањата на граѓаните.

– Доколку тоа не е така, барам седницата да не се затвори, како што не се затворени претходните две, туку да се одреди друг ден за да продолжи оваа седница, т.е., не оваа туку онаа од пред шест месеци што ја имавме, исто така за советнички прашања и да почнеме да ги реализираме седниците за советнички прашања онака како што треба, со присуство на градоначалник, со присуство на директорите и да може граѓаните да добијат одговор за сето она што ги засега – потенцираше Андоновска.

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот, Љубица Јанчева во своето процедурално излагање го запраша претседателот Славески дали градоначалничката Арсовска го потврдила своето присуство.

– Сите наши прашања се упатени до градоначалничката и бараме устен одговор. Бидејќи градоначалничката не ја гледаме во салата, претседателе бараме да ни дадете информација дали Арсовска ќе присуствува. Доколку не, ние ќе ја напуштиме седница, а вие можете да ја затворите – рече Јанчева.

Секретарот на Град Скопје, појасни дека градоначалничката е на терен во директна комуникација со граѓаните, за остварување на програмата „За модерно Скопје“.

АРСОВСКА НЕ ОДИ НА СЕДНИЦА, АМА ШЕТА НА ВОДНО

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска направи увид во отпочнувањето на активностите за санација и одржување на двете велосипедски патеки на Водно. Со санацијата на велосипедските патеки повторно ќе се овозможат оптимални услови за нивно користење, а ќе се зголеми и безбедноста на велосипедистите.

– Посветено работиме согласно со програмата на сите активности со кои Водно зелениот штит на Скопје континуирано ќе се одржува со цел да се подобри целокупната грижа за планината. Отпочнавме со санација на велосипедските патеки во должина од 3000 метри, по што продолжуваме со пешачките патеки. Со дополнителна поддршка и проекти настојуваме да ги реализираме многубројните планирани активности за Водно со цел зазеленување, за што најавуваме акција за пошумување од почетокот на месец ноември во периодот на сезоната на садење – истакна Арсовска.

Во рамките на активностите за санирање на патеките се врши одстранување на суви дрвја и грмушки, кроење на гранки, отстранување на камења, машинско косење и отстранување на отпадоци. Со реализација на овие активности од страна на екипите на градското јавно претпријатие „Паркови и зеленило”, кои продолжуваат со редовно одржување на овие патеки, долгорочно ќе се обезбедат услови за нивно непречено користење од страна на сите љубители на планинскиот велосипедизам.

Поврзани содржини