ДАНЕЛА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛKA НА ФОРУМ НА ООН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Голем меѓународен успех на енергичната градоначалничка на Скопје
По изборот на Скопје за европска престолнина на културата 2028, ова претставува уште еден огромен успех на меѓународна сцена за градот – велат од прес-службата на Градот.
Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска е избрана за претседател на Форумот на градоначалниците, што се одржа во Обединетите нации во Женева, Швајцарија.
За потпретседатели на Форумот се избрани градоначалниците Рикардо Рио од Брага, Португалија, и Сузан Аиткин од Глазгов, Велика Британија.
– Годинава првпат како официјално тело во рамките на Обединетите нации, исклучителна чест претставува фактот што Арсовска беше избрана како претседател и ја доби довербата преку директно гласање на Форумот, на кој учествува по еден градоначалник од секоја држава од Пан-европскиот Регион, Северна Америка, Африка, Азија, Латинска Америка и од Блискиот Исток – велат од Град Скопје.
Арсовска, заедно со својот тим, ќе учествува директно во формирањето на програмата на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиштето на Обединетите нации и преку усвојување декларации ќе учествуваат во креирање на меѓународните политики за локалните власти.
– По изборот на Скопје за европска престолнина на културата 2028, ова претставува уште еден огромен успех на меѓународна сцена за градот. Како на домашен така и на меѓународен план, Град Скопје продолжува да работи на остварување на заложбите и програмските определби за остварување на проектите што се дел од програмата ’За модерно Скопје‘“, додаваат од прес-службата на Градот.