ДАНЕЛА ГИ ПОВИКА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ Неа никаде ја нема, генсекот Глигоров го повика МВР да ги ослободи улиците
Во оваа насока, а со заштита на јавниот интерес, го повикуваме МВР да реагира согласно законските овластувања да превземе мерки, бидејќи одреден приватен личен интерес врши штета на Градот, граѓаните, како и сите чинители и жители на Градот Скопје – рече генералниот секретар Глигоров.
Градоначалничката Данела Арсовска веќе трет ден нема намера да се појави пред новинарите и пред јавноста, иако Град Скопје е целосно блокиран. На денешната прес-конференција, наместо неа, се појави генералниот секретар Зоран Глигоров кој повика МВР да реагира и да ги ослободи улиците.
– Заради заштита на јавниот интерес, го повикуваме МВР да реагира согласно законските овластувања, да преземе мерки, бидејќи одреден приватен личен интерес им врши штета на Градот, на граѓаните, како и на сите чинители и жители – рече генералниот секретар Глигоров.
Поради зголемените обврски, како што рече, тој ги повика новинарите да постават прашања по електронски пат. Следеше бурна реакција на присутните новинари, кои прашуваа каде е Данела Арсовска сега кога градот е блокиран. Глигоров одби да одговори и си замина од прес-конференцијата.
На крајот од изјавата рече дека тука сака и да заврши бидејќи имаат обврски кои ги „притискаат“ со оглед дека Градот е блокиран и во извршување на јавните дејности на самата градска администрација.
– Застој во однос на вршењето на јавниот превоз поради ЈСП нема туку целиот застој е поради блокадата која евидентно има политички одек. ЈСП има капацитет и работи во полна кондиција. Во оваа насока, го повикуваме МВР да реагира согласно законски овластувања да преземе мерки бидејќи одреден приватен личен интерес врши штета на Градот, граѓаните, како и сите чинители и жители на Градот Скопје – рече Глигоров.
Во однос на должничко-доверителските односи, како што ги кажа, во моментов интензивно се врши ревизија врз основа на која точно ќе се утврдат состојбите.
Во изјавата тој се осврна и на јавниот повик, кој вчера преку соопштение и социјалните мрежи го најави градоначалничката Данела Арсовска, за приватни превозници за линиите со број 20 и 22, за што рече има огромен интерес.
– Што се однесува до јавниот повик, самиот јавен повик е една техничка работа и операција која во суштина е иста како и претходниот јавен повик врз основа на кој беа ангажирани и претходните чинители во вршењето на оваа функција. Во оваа насока сакам да ви укажам дека има огромен интерес од страна на заинтересирани лица, посебно од оние кои досега биле ангажирани и возеле одредени линии. Јавниот повик е отворен и ги нудиме сите опции, значи нема ограничувања. На овој начин сакаме да овозможиме секој што чесно работи, да врши дејност согласно правила и закон и на тој начин да обезбеди соодветно функционирање на својата фамилија и на секојдневните свои потреби – изјави Глигоров.
СПЕЦИЈАЛЦИ СО ОКЛОПНИ ВОЗИЛА ЌЕ ГИ РАСТЕРУВААТ ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСИ? Планот на Пенов е многу ризичен