ЕЛКАТА МОЖЕБИ Ѝ Е РУЖНА, АМА ПАКЕТЧИЊАТА Ѝ СЕ НАЈСКАПИ Данела купува пакетче за 1.300, а Митко Јанчев за 108 денари – како е тоа можно?

Град Скопје за 550 пакетчиња ќе потроши 12.200 евра. Ни Собранието на Македонија ни Владата не успеале да најдат толку скапи пакетчиња.

2,250

Продолжува практиката на јавните институции за купување новогодишни пакетчиња, а оваа година најмногу пари за оваа намена досега ќе потроши Град Скопје или 750.750 денари или 12.200 евра.

Според информациите кои може да се погледнат на сајтот за Јавни набавки, со примена на Законот за јавните набавки тендери за купување на новогодишни пакетчиња досега договори имаат склучено 8 институции и ќе бидат потрошени нешто над 35.500 евра.






Најмногу пакетчиња, 3.500, купила Општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена. Речиси двојно помалку има набавено Општина Свети Николе – 1.120 пакетчиња.

Најскапи пакетчиња купил Град Скопје, по 1.300 денари за едно пакетче, а оваа институција води и по вкупната сума што ќе ја потроши за набавка на 550 пакетчиња – 12.200 евра.

Собранието на Република Македонија оваа година ќе купи 170 пакетчиња, по цена од 680 без ДДВ или 721 денар со 5 и 18 отсто ДДВ, или вкупно 115.600 денари плус 6.970 денари ДДВ.

Владата оваа година преку Секретаријатот има намера да купи за децата на вработените 400 пакетчиња цена од 650 денари без ДДВ или вкупно 260.000 без ДДВ.

Општина Новаци ќе одвои 79.182 денари со ДДВ за купување на новогодишни пакетчиња. Од општината имаат нарачано 220 пакетчиња по цена од 178,75 без ДДВ, како и 35 пакетчиња по цена од 1,023.16 денари без ДДВ.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев одлучи оваа година да купи дури 3.500 пакетчиња, а за цел од буџетот ќе 398.994,75 денари со ДДВ – 3.500 пакетчиња или цена за едно е 108 денари без ДДВ.

Општина Ново Село ќе израдува 310 дечиња колку што има набавено пакетчиња, а за таа намена ќе бидат 68.479 денари со ДДВ или едно пакетче чини 220 денари.

Општина Свети Николе од градскиот буџет за пакетчиња оваа година планира да потроши 355.933 денари за вкупно 1.120 кои по цена од 288 денари без ДДВ и 46 пакетчиња 343 без ДДВ или за сите ќе плати 5,788 евра.

Поврзани содржини