ДАНЕЛА ЈА ПРЕЗЕМА ПАРТИЈАТА НА ОРОВЧАНЕЦ? Скопската градоначалничка засега не ги открива своите планови

Скопската градоначалничка во едно неодамнешно интервју потврди дека е во процес на формирање на политичка партија, но не одговори директно дали може да се очекува учество на таа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај годинава.

1,103

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, неодамна и јавно обзнани дека ќе формира политичка партија, откако долг период во јавноста имаше гласини за тоа, а дури се споменуваа и лица кои би се нашле на нејзината партиска листа – дел од нејзините сегашни блиски соработници во градската власт.

Арсовска во едно неодамнешно интервју потврди дека е во процес на формирање на политичка партија, но не одговори директно дали може да се очекува учество на таа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај годинава.






Неофицијално, порталот Нетпрес дојде до информација дека всушност Арсовска ја презема партијата на Ѓорѓи Оровчанец – Нова алтернатива, бидејќи изворите на порталот тврдат дека таа не може да собере потписи за регистрација на нова партија. Тоа, како што пишува порталот, наводно го направила со инсталирање на свој човек како нов претседател на партијата, а ќе делува од сенка, додека формира терен за официјализирање на својата партија. Исто така, изворите не ја исклучуваат ниту можноста Нова Алтернатива да ѝ е отстапена на Данела Арсовска за одреден финансиски надомест.

Нетпрес упати прашање до Арсовска дали навистина таа се вклучува во активностите на Нова Алтернатива, какви се нејзините планови, односно дали партијата ќе настапи на претстојните парламентарни избори и како: самостојно или во коалиција? Но, до објавување на текстот не добиле одговор.

Пред дваесетина дена, партијата Нова Алтернатива всушност и доби нов претседател, за првпат откако е формирана во 2007 година. На местото на Оровчанец е поставен Сократ Ефтимовски. Нова Алтернатива која од 2008 година е во коалицијата предводена од СДСМ, речиси и да нема никаква развиена мрежа и партиска структура.

Поврзани содржини