ДАМКА ОД ВИНО ИЛИ DCMO Пациентите со дифузна капиларна малформација со прекумерен раст, можат да доживеат социјална стигма
Капиларната малформација во DCMO е карактеристично присутна при раѓање или за време на детството.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите
ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како
СВОЈ, по седми пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои
заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион.
Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат
дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воопшто се пристапни и достапни
лековите?…
ДИФУЗНА КАПИЛАРНА МАЛФОРМАЦИЈА СО ПРЕКУМЕРЕН РАСТ/
DIFFUSE CAPILLARY MALFORMATION WITH OVERGROWTH (DCMO)
MKБ-10 Q27.9
Преваленца
Дифузната капиларна малформација со прекумерен раст најчесто се нарекува „дамка од
вино”, која се јавува кај околу 0.5 % од населението.
Дифузната капиларна малформација со прекумерен раст (DCMO) е подгрупа на
капиларни малформации поврзани со хипертрофија, т.е. зголемена големина на
телесните структури. Карактеристиките се комбинација на дифузни капиларни
малформации и непрогресивен, релативно бениген регионален раст, нормално како
хемихиперплазија на екстремитетите.
Не постои врска помеѓу локацијата и интензивните васкуларни промени. Главно се зафатени капиларите во папиларниот дермис, што доведува до розово или виолетово обоени лезии. Поголемиот дел од лезиите се дифузни, мрежести, бледо обоени дамки.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.