📽️ КИЛОМЕТАРСКА ДАМКА ОД НАФТА ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ Хутите ракетираа брод, предизвикаа еко-катастрофа
Вториот од проектилите ја погодил палубата на бродот, но не предизвикал поголема штета. Бродот е закотвен, водата полека навлегува во него, а нафтената дамка зад него е долга околу 30 километри.
Хутите нападнаа товарен брод кој зад себе остави големо излевање на нафта во Аденскиот залив, а Соединетите Американски Држави во петокот го оценија како еколошка катастрофа која може да се влоши, пренесува „Јутарњи лист“. Товарниот брод „ Рубимар “ пловел под знамето на Белизе, управуван од Либан и носел запаливо вештачко ѓубриво.
Бродот мирува по ракетниот напад за кој одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници. Екипажот бил евакуиран во Џибути откако бродот бил нападнат од страна.
#British-registered cargo ship ‘Rubymar’ sunk by #houthis ‘Anasrallah’ of #Yemen, as they allowed the crew to be evacuated to #Djibouti#redsea#RUBYMAR
فيديو إغراق السفينة البريطانية روبيماري في #البحر_الأحمر، بعد استهدافها من قبل انصار الله الحوثيين #اليمن pic.twitter.com/Jv3ZzQlU7u— Ali Yehya علي أحمد يحيى (@Ali_Yehya1981) February 20, 2024
Вториот проектил ја погодил палубата на бродот, но не предизвикал поголема штета. Бродот е закотвен, водата полека навлегува во него, а нафтената дамка зад него е долга околу 30 километри.
Во моментот на нападот, бродот „Рубимар“ превезувал повеќе од 41.000 тони вештачко ѓубриво, кое можело да биде „исфрлено“ во Црвеното Море и да ја влоши ситуацијата. Откако Хутите почнаа да напаѓаат комерцијални бродови, нападот на Рубимар предизвика најголема штета.