Дамијано по гласините дека шмркал кокаин на Евровизија: Јас сум глупав, ама не до толку!
Да шмркам кокаин пред камера насочена кон моето лице?! Дали е тоа затоа што сум глупав? Јас сум глупав, но не толку многу - изјавил Дамијано во своето прво интервју откако се врати во својата Италија.
Никогаш во животот не сум користел кокаин и сигурно нема да започнам за време на директен пренос пред цела Европа, рече Дамијано Давид, победник на годинешната Евровизија откако во јавноста почна да се споделува снимка на која се гледа како тој наводно шмрка кокаин од масата.
– И тоа пред камера насочена кон моето лице?! Дали е тоа затоа што сум глупав? Јас сум глупав, но не толку многу – изјавил Дамијано во своето прво интервју откако се врати во својата Италија.
Сепак, за да им докаже на луѓето дека никогаш не користел дрога, пејачот одлучи да се тестира.
Инаку, италијанскиот бенд Манескин чиј фронтмен е токму Дамијано го освои првото место на годинешното издание на Евровизија, а зад него останаа претставниците на Франција и на Швајцарија.