Дали знаете што значи „Меганмарклување“? Името на војвотката се претвори во глагол, а значењето е полн погодок ФОТО
Името на војвотката од Сасекс е „претворено во глагол“, кој насмеја милиони луѓе на социјалните мрежи.
Можеби изгуби многу кога го напушти кралското семејство, но Меган Маркл дефинитивно стана бренд и „има нешто многу импресивно“, наведуваат светските медиуми.
Имено, името на војвотката од Сасекс е претворено во глагол што значи „ценете се себеси и менталното здравје“ и „напуштајте ги непријатните ситуации“ кога сè ќе стане премногу напнато.
Новиот „глагол“ прва го објави на Твитер и Инстаграм британската актерка Џамила Џамил (34).
Дефиницијата за измислениот глагол „Меганмарклувам“ значи да се цените себеси и своето ментално здравје доволно за да ја напуштите просторијата, ситуацијата или околината во која вашето автентично јас не е добредојдено или пожелно“, пишува во твитот на Џамила.
Лице А: Каде е Рајан? – пишува на Твитер.
Личност Б: Ох, тој Меганмарклуваше –стои во твитот на Џамила, што насмеа многу обожаватели.
Откако актерката ја сподели шегата со своите 2,7 милиони следбеници на Твитер и 3,3 милиони следбеници на Инстаграм, фановите започнаа да пишуваат примери „од својот живот“.
„Меганмарклував пред две години и тоа беше најдобрата одлука која сум ја донела во животот“, напиша една обожавателка.
View this post on Instagram
Meganmarklujem pic.twitter.com/f8kog8P8Nj
— Volshy (@Volshebna) February 16, 2021
ФОТО: Твитер/Инстаграм