ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО Е ЧАДЕНА СОЛ? Практичен водич за оние кои сакаат попосебни зачини
Оваа сол варира по боја, а особено по арома, во зависност од видот на дрвото што се користи во процесот на чадење на морската сол
Не секој знае што е чадена сол, но оние кои сакаат да готват треба да научат за нејзината употреба и својства. Ние ќе ви помогнеме со едноставен водич.
Љубителите на готвењето знаат дека има многу сорти на сол, кои се разликуваат не само по мирис и вкус, туку и по изглед. Една особено е малку позната, а тоа е чадената сол.
Резултат на посебен третман, благодарение на кој морската сол се чади со согорување на дрво, оваа сол варира по боја и особено по арома, во зависност од видот на дрвото што се користи во процесот. Дрвото може да биде, на пример, орев, ела, бука или друго. Секој вид дрво всушност дава своја посебна арома.
Првично наречена чадена сол, таа доаѓа од скандинавските земји и Северна Америка. Од дамнина служела за складирање на дивеч и друга расиплива храна.
Постојат неколку варијанти на чадена сол, од кои секоја има интересна приказна. За најинтересните од нив прочитајте на порталот „Арт кујна“.