ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО НАСТАНАЛЕ ТАНГА ГАЌИТЕ? Малото парче ткаенина го измислил хомосексуалец и значело бунт против цензурата

Целта на Руди Гернрајх, творецот на танга гаќите, не била да го сексуализира телото. Напротив. „Ослободувањето на телото ќе го излечи општеството од неговиот сексуален комплекс“, зборувал Гернрајх.

231

Телото не требало да биде сексуализирано, туку ослободено – тоа била идејата зад танга гаќите. Ова мало парче ткаенина го измислил Руди Гернрајх, и како и сè во неговиот живот, и тоа било политичка порака.

Денес, тангите може да се видат насекаде: ѕиркаат од панталони со низок струк како повторно да е 2008 година, блескаат под проѕирни фустани за плажа или откриваат исончани задници на песокот. Сепак, малкумина знаат дека нивното создавање немало врска само со модата, туку и со бунтот против цензурата – а нивниот творец бил хомосексуалец.






„Лето на голотија“ и забраната во Лос Анџелес

Во летото 1974 година, популарната плажа Венис Бич во Лос Анџелес се претворила во море од откриени тела.

– Сите беа голи, се сеќава поранешен спасител во изјава за ЛА Тајмс. Како точно се случило тоа, никој не знае, но се верува дека трендот на голотија бил поврзан со хипи движењето, чии следбеници ја славеле слободата на изразување и фактот дека голотијата на плажите сè уште не била експлицитно забранета во тоа време, пишува Вечерњи.

Сепак, сонот за „летото на голотија“ не траел долго. Прво дошле медиумите, а потоа и полицијата. Кога капењето во топлес се појавило на насловните страници, властите во Лос Анџелес решиле да воведат забрана.

Руди Гернрајх – дизајнерот кој сакал да го ослободи телото

Оваа забрана директно го инспирирала Руди Гернрајх, австриски дизајнер кој живеел во Лос Анџелес. Неговиот одговор бил – тангата. Тој создал мало парче ткаенина, наменето и за мажи и за жени, кое ги покривало само основните работи.

Но, неговата цел не била да го сексуализира телото. Напротив. „Ослободувањето на телото ќе го излечи општеството од неговиот сексуален комплекс, рекол Гернрајх.

Поврзани содржини