Првата дама на САД, Меланија Трамп, е една од најфотографираните жени во светот. Медиумите и папараците секојдневно се занимаваат со убавата Меланија, следејќи го и снимајќи го секој нејзин чекор.
Додека за Меланија Трамп на јавноста ѝ се познати многу работи, за нејзината сестра Инес Кнаус, не се знае речиси ништо.
За гламурозната Инес е познато дека живее во двособен стан во Њујорк, кој што е во сопственост на царството на Трамп и дека е уметница.
– Тие се многу блиски, Инес е многу љубезна, зрела и креативна личност – изјавила Одри Грус, филантропка од Палм Бич.
Еден фотограф од Париз ја опишал како уникатна личност.
– Таа не е како другите девојки, кои се однесуваат како кралици. Таа е уникатна – рекол тој.
Инес со јавноста комуницира само по пат на својот фејсбук-профил, на кој што повеќе зборува за својата сестра отколку за себе. Двете ја напуштиле Словенија и заминале во Милано, каде Меланија работела како манекенка, а Инес се обидела да се пробие како модна дизајнерка.
Инес е заштитнички настроена кон својата помлада сестра Меланија, барем така коментираат оние кои што се блиски со нив.
ФОТО: Инстаграм