ДАЛИ ЗАВРШИ РОМАНСАТА МЕЃУ КЕТИ ПЕРИ И ЏАСТИН ТРУДО? Не можат да го издржат медиумскиот притисок

Инсајдери нагласуваат дека меѓу нив двајцата немало никакви караници ниту негативни чувства – едноставно сè стивнало и моментално е во рамките на обично пријателство.

539

Романтичната приказна меѓу поп-ѕвездата Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо изгледа се приближува кон неславен крај. Само неколку недели откако беа забележани на вечера и во првите редови на концерт, нивната блискост се „разладила“, пишуваат упатени медиуми.

Според извори блиски до нив, тие порано биле во постојана комуникација, но во последно време едвај разменуваат пораки. Причината, велат, е комбинација од преоптоварени распореди и медиумскиот притисок кој нагло се засили веднаш по нивната прва средба.






Иако меѓу нив имало очигледна „хемија“, врската не успеала да премине во нешто подлабоко. Инсајдери нагласуваат дека немало никакви караници ниту негативни чувства – едноставно сè стивнало и моментално е во рамките на обично пријателство.

Особено непријатно, велат упатените, му било на Трудо тоа што нивната прва вечера стана медиумска сензација. Фотографиите од средбата веднаш завршија на насловните страници, што за него било далеку од посакуваната дискреција.

„Тоа беше само запознавање, а излезе како голема работа, што не му одговараше“, откри извор за Page Six.

Кети Пери, пак, сè уште го преболува раскинот со актерот Орландо Блум, со кого има четиригодишна ќерка. Блиските пријатели тврдат дека таа не е подготвена да влезе во нова врска, туку сака време за себе и за своето семејство.

Слична е ситуацијата и кај Трудо, кој во 2023 година се раздели од сопругата Софи Грегуар по долг брак и три деца. И за него, исто како и за Пери, ова беше обид за нов почеток, но под светлата на јавноста таквите искри тешко опстануваат. Нивната романса, која за момент ја запали фантазијата на медиумите, сега изгледа повеќе како кратка епизода отколку почеток на сериозна приказна. Понекогаш светлината што најсилно блеска – најбрзо и згаснува.

Поврзани содржини