ДАЛИ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ЗЕЛЕ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ДАКА СО КОИ КУПИЈА СТАНОВИ ВО ДУАБИ? Обвинителството да истажи дали бизнисменот им дал поткуп за да се смени ДУП во Тетово

Во аудио снимката Миодраг Давидовиќ-Дака му вели на Зоран Милески Кичеец, дека ако ја спроведе работата тој ќе им даде 2 милиони, а друг ќе им даде уште 2 милиони евра, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, додавајќи сека се работи за изградба на бетонската џунгла во Тетово со 2.000 станбени единици.  

207

Дали за промената на деталниот урбанистички план во Тетово, прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака го подмитил Зоран Заев со 4 милиони евра, праша денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

„Во аудио снимката во која Давидовиќ-Дака разговара со посредникот на Заев, Зоран Милески Кичеец, Дака му вели на Кичеец дека ако ја спроведе работата, тој ќе им даде 2 милиони, а друг ќе им даде уште 2 милиони евра. Според аудио снимката, која е достапна на социјалните мрежи, јасно се вели дека Заев ќе заработи 4 милиони евра доколку се изгради бетонската џунгла во Тетово, која требала да биде со околу 2.000 станбени единици со проценета вредност од 200 милиони евра. Дали со овие пари Заев и неговиот чирак Филипче купуваа акции во индиската авиокомпанија или пак купија станови во Дубаи“, рече Петрушевски.






Венко Филипче и СДСМ, додаде тој, никогаш не се оградија и не се дистанцираа од Заев, затоа што тој го води СДСМ и одлучува во името на Филипче.

„Јавното обвинителство под диктат на Заев и СДСМ не ги истражи овие индиции и сомнежи за поткуп вреден 4 милиони евра. Затоа го повикуваме ЈО повторно да се истражи случајот, затоа што граѓаните заслужуваат правда“, вели Петрушевски.

Поврзани содржини