Дали во земјава ќе има само он-лајн обложување ќе биде познато по седницата на Влада

995

Во врска со предлогот на Министерството за финансии кој денеска ќе се најде на владина седница, а станува збор за он-лајн обложување како прв чекор за елиминирање или забрана за работа на веќе познатите обложувалници, апарат-клубови и казина во нашата земја.

– Ова е иницијатива на која што се работеше во изминатиот период, меѓутоа не е нешто сосема ново, затоа што и постојното законско решение содржи одредби и членови за он-лајн игри на среќа. Во изминатиот период беа изработувани одредени компаративни анализи и ова е важно во овој период од аспект на тоа што 8.000 лица работат во индустријата, затоа што е нешто што во секој случај ќе биде имплементирано и во насока на подобрување на регулативата – рече Ангеловска.






Таа додаде доколку е контролирана средината, доколку се има јасна и прецизна регулатива државата ќе може да се справи со проблемот со физичките локации кои се почесто ги има.

Во духот на транспареноста околу 40 милиони евра се прибира во однос на посебната давачка која ја плаќаат овие компании во износ од 23 проценти, од кои 20 проценти во Буџетот, а 3 проценти се делат во другите институции како нивен приход. А дополнително тука е и персоналниот данок на дохот од игри на среќа кој учествува со 10 проценти од вкупниот прибран персонален данок.

– Станува збор за подобрување на регулативата и сметам дека во еден приод на вонредна состојба, нови решенија ќе бидат воведувани, дека ќе треба да се обидуваме да пилотираме и да ноаѓаме начини да адаптираме многу од постојните процеси и да носиме одлуки за кои што сметаме дека се соодветни за доброто на државата од секој аспект – вели министерката.

Поврзани содржини