ДАЛИ ВМРО-ДПМНЕ ГО ИМА „В ЏЕБ“ КОМАНДИРОТ НА ТИГРИТЕ? Симптоматичен молк на МВР за потерата по фраерот од Водно

Портпаролот Наум Стоилковски се сомнева дека некој го крие Митко Даневски, пoради неговата врска со Зоран Заев.

2,343

Цел ден МВР молчи, Спасовски молчи, Заев молчи – дали блискоста со Заев значи дозвола за кршење на кризна состојба, на забрана за движење? Дали блискоста со Заев значи криење на случај во којшто се повредени тројца полицајци? МВР и единицата Тигар трпат сериозен удар врз нивниот углед затоа што нема конкретен одговор, ниту пак истрага, дали на објавените фотографии се гледа службеното возило на командирот на полициските Тигри, Митко Даневски?

Ова го изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.






Тој реагираше што нема одговор дали на фотографиите, доставени од свиркачи во полицијата, е службениот автомобил на командирот на полициските Тигри, Митко Даневски. Станува збор за фотографии од камери, на коишто стои часот кога минува идентично возило по кое е направена страотна потера на Водно се до скопските улици.

– Молкот од МВР потврдува дека ова е возилото, нивно службено возило? – изјави Стоилковски.

Според свиркачите, потерата почнала од 1,35 часот, по автомобил „шкода октавија“, со бела боја, со затемнети стакла, која што била паркирана на земјениот пат свртена кон шумата. Наместо да излезе да се легитимира, возачот, заедно со женско лице, избегал со возилото кон кружниот тек Сопиште, а потоа надоле кон Припор па кон улица Мариовска. Фотографиите се направени токму по тоа движење и покажуваат идентичен автомобил, бела „шкода октавија“, со затемнети стакла. Тоа се фотографии од видео-надзор по опишаната патека.

– Доколку МВР и ЈО се одважат пред сѐ погласните прозивки во јавноста дека Даневски ужива заштита poради неговата крвна врска со обезбедувањето на Заев, но и со висок функционер од Делчево, ќе застанат пред прозивките. Но, за тоа ќе мора да одговорат каде се видео снимките од „Паметен Град“, дали Даневски има исто вакво службено возило, дали Даневски вечерта го зел службеното возило, дали било кај него во моментот на потерата – вели Стоилковски.

Ваков случај, во кој што има тројца повредени полицајци, при што полициски службеник завршил на операција, со последици  и со подолго здравствено отсуство, не смее да се сведе на непознат сторител, вели тој.

– Или МВР на Спасовски е неспособно да изврши задачи, или случајот се крие. Помина цела недела од случајот, а нема информации, само и само затоа има сѐ погласни упатувања дека станува збор за криење на командирот на Тигрите, пoради неговата врска со Зоран Заев. Доколку е така, а сѐ поочигледно е дека е така, Македонија со Заев тоне во тешка диктатура со неказнето аздисување на луѓе од безбедносниот систем, аздисување и самоволие на Спасовски, на Заев, чиишто желби се посилни од закон и норми! – заклучи Стоилковски.

 

Поврзани содржини