ДАЛИ ВЛАДАТА ПРАВИ ПРИТИСОК КОН НОВИНАРИ? Владејачката партија го повика ЗНМ да одговори
Медиумската машинерија на Артан Груби и Марјан Забрчанец и денес е синоним за медиумско подземје – мрежа од уценети портали, милионски тендери и монтирани „вести“ по нарачка, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Светскиот ден на слобода на медиумите.
Во изминатите 7 години го претворија медиумскиот простор во корумпирана квази-мрежа за лични интереси и партиска пропаганда. Секој новинар што не се поклонуваше на режимот беше изолиран, дискредитиран или притискан. Медиумската машинерија на Артан Груби и Марјан Забрчанец и денес е синоним за медиумско подземје – мрежа од уценети портали, милионски тендери и монтирани „вести“ по нарачка, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Светскиот ден на слобода на медиумите.
„Но, ова беше времето кога државата тонеше, а народот плаќаше за лагите на властa. Денес, вистината излегува на видело. Македонија е повторно демократска држава. Нема враќање назад. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа вистинската слобода на медиумите, не слобода за криминално здружени квази новинари, туку слобода за професионалци, за објективност, критичност и интегритет. СДСМ нема право да зборува за слобода, откако години ја газеше и ја продаваше за рејтинг и власт.
Ги повикуваме новинарите на националните медиуми и другите да кажат дали Забрчанец им правел притисок како што се жалеле пред меѓународната заедница.
Го повикуваме ЗНМ јавно да каже дали има случај на притисок од оваа влада и да го посочат со име и презиме. Такво нешто не постои и затоа соопштенијата на СДСМ се лицемерни и дегутантни исто како што таткото на хаосот со модуларната Филипче оди кај семејствата од Кочани така и креаторот на притисокот кон медиумите сега пишува соопстенија од СДСМ. Тоа е таа сдсовска пракса и однесување заради кои имаат 4.5 посто рејтинг а народот јасно го препознава“, се наведува во партиската реакција .