ДАЛИ ВИ НЕДОСТАСУВААТ ПРОТЕИНИ? Еве кои се очигледните знаци за нивниот недостаток
Ако се обидувате да ослабнете, важно е да се фокусирате на добивање повеќе протеини. Тоа е затоа што зголемената потрошувачка на протеини е поврзана со внесување на помалку калории во текот на денот, бидејќи се чувствувате подолго сити. Исто така, кога ќе почнете да слабеете, поради добар внес на протеини, ќе ги изгубите масните наслаги, а не мускулната маса.
Протеините се есенцијални макронутриенти кои го снабдуваат нашето тело со енергија, помагаат во закрепнувањето после вежбање и одржуваат чувство на ситост после оброк. Исто така, тие играат важна улога во растот и одржувањето на мускулите.
За среќа, тие можат да се најдат во различни намирници што ги јадете секој ден. Количината на протеини што ви треба секој ден се одредува според возраста, тежината и нивото на активност. Официјалната препорака за внес на протеини е 0,8 грама на килограм телесна тежина.
Можеби мислите дека вашата исхрана е урамнотежена, но дали сте сигурни дека го снабдувате телото со доволно протеини?
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.