ДАЛИ ВИЈАГРА ПОМАГА ПРОТИВ КОВИД? По 28 дена во кома, Британка се излекувала од коронавирусот (ВИДЕО)
Пред месец и половина беше објавено истражување кое покажа дека лекот за потенција помага и во борбата против Алцхајмеровата болест.
Вијаграта може да помогне во лекувањето на ковид-19. Оваа вест ја соопшти д-р Марк Сигел на телевизија Фокс во емисијата на Такер Карлсон.
Д-р Сигел објави дека 37-годишната пациентка Моника Алмеида излегла од кома по 28 дена. Ова се случило само 72 часа пред лекарите да планираат да и го запрат апаратот за дишење.
Моника излегла од кома откако и дале големи количини вијагра, објави Форбс.
Пред месец и половина беше објавено истражување кое покажа дека лекот за потенција помага и во борбата против Алцхајмеровата болест.
– Излегува дека вијаграта им помага на белите дробови да работат, ги активира и го намалува бројот на вирусите. Ова се должи на супстанцијата натриум оксид – објасни д-р Сигел.
Студија од Чиле претходно објави слични резултати во научното списание „Critical Care“. Според лекарите од Чиле, вијаграта го помага целокупното функционирање на белите дробови, па дури и се бори против висинската болест.
– Студиите во Јапонија, Кина и скандинавските земји, исто така, покажаа дека натриум оксидот помага во обновувањето на функцијата на белите дробови и драстично го намалува бројот на вируси ковид-19 во нив – додава д-р Сигел.